СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

200 европски аеродроми пропаѓаат, 280.000 работни места доведени во прашање

Европската асоцијација на аеродроми (ACI) предупредува дека 193 аеродроми ќе бидат изложени на ризик од неликвидност во наредните месеци, доколку патничкиот сообраќај не започне да се опоравува од корона-кризата.

Овие воздушни центри обезбедуваат 277.000 работни места и учествуваат со 12,4 милијарди евра од европскиот БДП, се вели во соопштението на организацијата. Иако аеродромите за неликвидност се претежно помали регионални центри, нивното затворање може да има значителен ефект врз економиите и да доведе до колапс на европскиот систем за воздушен транспорт.

Дури и поголемите аеродроми не се имуни на влијанието на пандемијата на вирусот, што го намали сообраќајот на патници за 73 проценти само во септември. Европските аеродроми минатиот месец примија 172,5 милиони патници помалку, со што вкупниот обем на патници изгубени годинава достигна 1,29 милијарди.

Најдобрите 20 европски аеродроми додадоа 16 милијарди евра долг за време на кризата. Според ACI, ова изнесува скоро 60 проценти од нивниот приход остварен во годините на редовно работење.

– Објавените податоци даваат драматично мрачна слика. Осум месеци по кризата, сите европски аеродроми „горат готовина“ за да останат отворени, а приходите се далеку од покривање на оперативните трошоци, а камоли на капиталните трошоци – вели Оливие Јанковец, извршен директор на ACI.

Оттаму ги повикаа владите да обезбедат поголема поддршка на проблематичниот сектор и додадоа дека повторното воведување на карантин наместо тестирање не носи ништо добро и само ги „носи европските аеродроми на работ на пропаст“.

Денес беше објавено и дека британскиот аеродром „Хитроу“ веќе не е најфреквентен аеродром во Европа, и дека титулата, која тој ја држеше долго време, ја презеде „Шарл де Гол“ во Париз.

Лондонскиот аеродром наведува и дека ги намалил изгледите за сообраќај на патници следната година, а во 2021 година очекува да поминат 37 милиони луѓе преку аеродромот, што е за 41 процент помалку од предвидувањата од јуни.

Поврзани вести

Глобалниот недостиг на чипови го загрозува производството на компјутери и телефони

Влатко Зорба

Успешен старт на онлајн наставата и на новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет

msp-admin

КУБА ИМА НОВ ЕКОНОМСКИ ПЛАН: Ќе овозможи отворање на бројни приватни компании

Влатко Зорба