СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина го лансираше првиот 6G сателит

Кина успешно го лансираше првиот 6G сателит во вселената за да ја тестира технологијата.

Други 12 сателити беа лансирани од Центарот за лансирање сателити Таијуан во провинцијата Шанкси, пренесе „Би-Би-Си“.

Додадено е дека ќе се тестира технологијата со огромна брзина, која ќе биде еден од основните елементи на комуникациите од шестата генерација.

Сателитот, исто така, носи технологија што треба да се користи за следење на уништување на посевите и спречување на шумски пожари.

Сателитот 6G беше меѓу трите кинески сателити кои беа успешно лансирани во орбитата, заедно со 10 комерцијални сателити за далечинско читање, развиени од аргентинската компанија „Satelogic“.

Сите биле лансирани во една ракета „Long March 6“, која полетала од центарот Тајуан, пренесува Анадолија.

Станува збор за 351-та ракета од серијата Long March, што ги развива самата Кина.

Поврзани вести

Samsung ќе гради фабрика од 17 милијарди долари во САД

Влатко Зорба

Мислел дека должи 730.000 долари: Семејство го тужи „Робинхуд“ за самоубиство

Влатко Зорба

Брендот кој беше симбол на Словенија продаден по цена на гарсоњера

Влатко Зорба