СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Закерберг и Дорси тврдат дека подобро се справиле во однос на мешањето во изборите (ВИДЕО)

Извршните директори на две од најголемите социјални мрежи во светот изјавија дека нивните компании подобро се справиле да го одбијат мешањето во изборите во Соединетите Држави во 2020 година. Сепак, двајцата лидери на ИТ гигантите претрпеа удари од сите политички страни за време на нивното сослушување пред Конгресот по гласањето во САД, пишува „Волстрит журнал“.

Тешкиот тон на сослушувањето во вторникот сугерира дека технолошките компании ќе продолжат да се соочуваат со поголем ризик од нова регулатива до следниот Конгрес, кој ќе започне со работа во јануари.

Сослушувањето беше спроведено преку видео-стриминг пред Комитетот за правда на Сенатот. На состанокот, Марк Закерберг и Џек Дорси ги истакнаа подобрувањата што нивните компании ги направија во блокирањето или намалувањето на погрешните информации за претседателските избори во САД оваа година. Ова доведе до помалку мешање, рекоа двајцата извршни директори. За споредба, изборите во 2016 година беа во сенка на руската интервенција, која имаше за цел да му помогне на Доналд Трамп да победи.

„Обезбедувањето на интегритетот на изборите продолжува да биде предизвик за платформите и ние сме решени да продолжиме да ги подобруваме нашите системи. Но, јас сум горд на работата што ја направивме во последните четири години за да спречиме изборно мешање и да ја поддржиме нашата демократија“, рече Марк Закерберг.

„Милиони Американци ги користеа нашите услуги за да зборуваат за кампањи, да добијат пристап до веродостојни информации за гласање и регистрација“,додаде тој.

За време на последните расправи, властите ја повторија својата загриженост за моќта и обемот на платформите, како и за нивната работа со специфична изборна содржина.

Републиканците повторно се пожалија дека платформите продолжуваат да го цензурираат конзервативниот говор, обвинување што службите и демократите го негираат.

Демократите, во меѓувреме, изразија своја загриженост, вклучително и за некои тековни ограничувања на содржината наметнати од платформите, што може да го попречи развојот на настаните во Грузија во јануари, што веројатно ќе го реши прашањето за контрола на Сенатот.

Закерберг рече дека Фејсбук ги засилил своите напори за справување со дезинформациите и проблемите со гласањето, кои се покажаа како успешни. Тој рече дека компанијата соработувала со изборните органи за отстранување на лажни наводи за изборни информации и издала предупредувања за 150 милиони публикации откако биле испитани од надворешни проверувачи на факти.

Дорси прокоментира дека новите политики за обележување или отстранување на лажни и погрешни информации се голем чекор напред, иако доведоа до поплаки од Доналд Трамп откако неговите твитови беа означени како лажни. Според Дорси, околу 300.000 твитови се обележани дека содржат информации што се потенцијално погрешни.

„Сакам да бидам многу јасен дека не ја гледаме нашата работа во оваа насока како завршена“, рече тој. „Нашата работа продолжува, а нашите тимови учат и го подобруваат начинот на кој тие се справуваат со овие предизвици и ја добиваат довербата од луѓето кои користат Твитер.

Поврзани вести

Србите градат модерно метро кое ќе поминува низ „Белград на вода“

Влатко Зорба

Амбициозна цел на ЕУ: Вработување на најмалку 78 од 100 лица на возраст од 20 до 64 години до 2030 година

Влатко Зорба

Ангеловска: Домашната платежна картичка е инјекција од 28 милиони евра која ќе ја забрза економската активност

msp-admin