СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ова се трите групи работници кои најчесто добиваат отказ

Најголемите жртви на коронската криза на пазарот на трудот се привремено вработени, сезонски работници и повремени работници, покажува новата анализа на Евростат.

Во ЕУ, според објавените податоци на Евростат, на крајот на вториот квартал од оваа година имало околу 19,2 милиони привремени вработени во возрасната група од 20-64 години, додека на крајот на минатата година имало 22,2 милиони.

Ова значи дека во првата половина на оваа година, бројот на привремени вработени во ЕУ се намали за околу три милиони, или за повеќе од 13 проценти. Уделот на вработените на определено време во вкупниот број на вработени исто така падна, од 11,6 проценти, колку што беше на крајот на минатата година пред избувнувањето на коронарната криза – на 10,2 проценти во средината на оваа година, по заклучувањето.
Раскинување на договори на определено време – главниот генератор на невработеност во коронарната криза

Стапката на невработеност во ЕУ порасна од 6,5 проценти на крајот на 2019 година на 7,1 процент на крајот на јуни оваа година. Намалувањето на бројот на привремени вработени, може да се заклучи од податоците на Евростат, е главниот генератор на растот на невработеноста во коронарната криза.

Поврзани вести

Средба Заев – Азески: Предлозите на бизнис заедницата ќе се вметнат во партиската изборна програма

Никола Поповски

Здружение на оштетени штедачи: Дали Владата ќе ја санира и штетата од „пожарот” во „Еуростандард“?

Влатко Зорба

Инспекциските служби спровеле 5.228 контроли и надзори, затворени се шест угостителски објекти

Влатко Зорба