СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германскиот нацрт закон за информатичка безбедност се стреми кон консензус за ризиците на продавачите на телекомуникациска опрема

Германија ќе треба да постигне консензус во рамките на владата дека одреден продавач на телекомуникациска опрема претставува закана за националната безбедност за да може да ја исклучи неговата опрема од националните 5G мрежи, стои во нацрт-законот прегледан во петокот од Ројтерс.

Најновата верзија на Законот за информатичка безбедност следи по неколкумесечни расправии во коалицијата на канцеларката Ангела Меркел, која е поделена околу тоа како да се изработи политички механизам за да се процени дали може да му се верува на одреден продавач.

Како ќе функционира тој процес, ќе биде клучно за да се утврди дали кинескиот Huawei (HWT.UL), глобален лидер во телекомуникациските мрежи, може да остане во Германија или на крајот да биде забранет, како што тоа го сторија САД и некои нејзини сојузници.

Нацртот се обидува да ја премости поделбата помеѓу Меркел, која се залага за блиски трговски односи со Кина и нејзините коалициски партнери во Социјалдемократската партија (СПД) кои, предводени од министерот за надворешни работи Хајко Маас, се непријателски настроени кон Пекинг.

Портпарол на Министерството за внатрешни работи рече дека нацрт-законот бил презентиран пред другите оддели во четвртокот. „Нацртот ги содржи резултатите од претходните дискусии со министерствата и доставува нови предлози за компромис“, рече портпаролот во одговор на барањето за коментар од Ројтерс.

СПД побара место на масата и вето на Министерството за надворешни работи за дозволување на снабдувачите на опрема да работат во Германија, што е неприфатливо за Меркел и нејзините колеги, конзервативни владини министри.

Консензус, но не вето

Најновата верзија на германскиот Закон за информатичка безбедност се обидува да ги заокружи работите со создавање постојан комитет составен од претставници од канцеларијата на Меркел и министерствата за внатрешни работи, економија и надворешни работи, кое ќе работи со консензус.

Доколку работниот комитет не успее да постигне заедничко разбирање, работата ќе биде пренесена ниво погоре, до министрите. Доколку сè уште не може да се постигне договор, проблемот би бил упатен на постапката за решавање спорови на владата.

Сложениот и динамичен процес значи дека, во случајот на Huawei, за каква било идна забрана ќе бидат потребни и цврсти докази и огромно политичко убедување дека нејзината опрема претставува безбедносен ризик – како што тврдат САД.

Тоа би претставувало тактичка победа за Huawei, од каде се негираат тврдењата на САД дека преку опремата сајбер шпиони имаат пристап до информации и дека истите се достапни за Пекинг.

Исто така, би била добра вест за трите мобилни оператори во Германија – Deutsche Telekom, Vodafone и Telefonica Deutschland – кои се потпираат на Хуавеј и велат дека замената на неговата опрема би чинело милијарди.

Владин извор вели дека најновиот текст се очекува да биде доставен до кабинетот на Меркел за одобрување во декември. Сепак, протекувањето на претходните нацрти во медиумите ги попречи коалициските преговори за законот.

Поврзани вести

Кои се најнеплатените професии во земјава?

msp-admin

Русија е подготвена да се исклучи од глобалниот Интернет

Влатко Зорба

Професионалците кои работат со недвижнини едногласни – пандемијата е вистинско време за инвестирање

Влатко Зорба