СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија и Кина профитираа од блокадата на Суецкиот канал

Привремената блокада на Суецкиот канал им овозможи на Русија и Кина подобро да ги промовираат своите трговски патишта и да го доведат во прашање американскиот модел на глобализација, напиша францускиот економски специјалист, Франсоа Ленглет во коментарот објавен во средата од „Фигаро“.

„Економските последици од инцидентот може да бидат безначајни, но геополитичките постојат. Веднаш по блокадата на „Евер Гивен“, Русија предложи алтернативна рута помеѓу Истокот и Европа што е за пет илјади километри пократка од Суецкиот канал. Кина го направи истото со Поларниот пат на свилата“, рече тој.

Ленглет нагласува дека можноста за создавање трговски патишта и нивно контролирање отсекогаш се сметала за белег на моќта.

Новинарот потсетува дека Суецкиот канал го граделе Европејци, вклучително и Французите. По Првата светска војна, Велика Британија беше одговорна за неговата одбрана.

„Наскоро отстапи место на новиот светски лидер, Соединетите Држави, кои ги контролираа трговските патишта во текот на 20 век“, вели Ленглет.

„Денес американската доминација е оспорена од Кина и Русија, кои сакаат да понудат сопствен модел на глобализација преку своите трговски патишта“, заклучува тој.

Суецкиот канал носи 12 проценти од светскиот товарен сообраќај и исто така е еден од најпрометните водни патишта за испорака на нафта во светот. Осум проценти од бродовите кои носат течен гас минуваат низ него. 19.000 бродови годишно или повеќе од 50 на ден минуваат низ каналот.

Поврзани вести

Huawei Самит 2021 за жените програмери: Жените треба да се охрабрат да се вклучат во технолошките иновации

Лукавиот план на Марк Цукерберг за иднината на Фејсбук

msp-admin

Борба против навала на купувачи: Сакате да правите залихи – платете десеткратно

msp-admin