СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторна комисија  соопшти дека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била определена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Поврзани вести

Сметководителите погодени од кризата со коронавирусот, ќе испорачаат предлог-барања за поддршка

Тутунарите и натаму се незадоволни од откупот на тутнот, иако тој се одвива непречено

Влатко Зорба

Се укинуваат царините за медицинските помагала и потрошниот медицински материјал