СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Сопствениците на возила со странски таблички ќе потпишуваат изјава

Со новото законско решение, помали двачки за  регистрација ќе имаат  возилата со странски таблички кои ќе мора да се влезени во земјава пред 1 октомври.

Сопствениците на возила со странски таблички ќе треба да дадат изјава дека возилото е влезено во земјава пред 1 октомври за последен пат за да платат помали давачки за регистрација.

Ова ново законско решение што го усвои Владата, но допрва за него ќе расправа Собранието, ќе важи само за возила во сопственост на лица кои имаат двојни државјанства. Возилата да се со стандард ЕУРО 4, а мерката ќе важи една година.

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека со законот од една страна ќе се реши проблемот со возилата со странски таблички, а од друга страна ќе има дополнителни приходи во Буџетот.

„Овој закон од една страна ќе се реши проблемот со возилата со странски таблички, а од друга страна ќе има дополнителни приходи во Буџетот. Важно е да се наведе фактот дека остануваат другите критериуми кои произлегуваат од постоечките закони за возила, а кои се однесуваат на заштита на животната средина. Значи сите возила кои се влезени пред 1 октомври, а ги исполнуваат еколошките критериуми предвидени со подзаконските акти , треба да бидат над евро 4 стандард, рече Бектеши.

Екологистите реагираат дека ова е уште една мерка со која повторно ќе се полни земјата со автомобли кои загадуваат.

Поврзани вести

Заев: Инвестицијата на „Магна” во Струга ќе отвори над 1.200 работни места

Влатко Зорба

За работни ручеци со Премиерот 2.500 денари по човек, со директорите максимум 1.000 денари

Влатко Зорба

Нуредини: „Пејпер Мил“ ќе стартува со производство, кога ќе ги исполни обврските

Влатко Зорба