СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бесими: Спроведување на стратегијата за економско заздравување и забрзан раст

Спроведување на стратегијата за економско заздравување и забрзан раст – SmartER growth, даночната стратегија, но и продлабочување на соработката во делот на СДИ, беа тема на разговор меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и австрискиот амбасадор Георг Вуцас.

– Главна цел ни е спроведување на моделот за економски раст којшто ќе поддржи остварување двојно повисок раст во однос на претходните десет години, 4,1 проценти раст на БДП во 2021, 4,6 проценти раст во 2022 година и 5,9 проценти раст во 2025 година. Ова ќе се овозможи преку спроведување на Стратегијата за економско заздравување – SmartER growth, којашто се темели на четири главни столбови: економско заздравување од Ковид-19, забрзан инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси, истакнал Бесими.

Тој посочил дека ќе се врши и постепена фискална консолидација со која буџетскиот дефицит веќе следната година ќе се намали за 3,6 процентни поени.

На средбата, како што соопшти денеска Министерството за финансии, била потврдена поддршката од Австрија за европските интерграции на земјава.

Поврзани вести

„Виз Ер“ на 1 и 2 јули ги отвора аеродромите во Скопје и Охрид

msp-admin

Средба Градежна комора – РЕК: Објектите да се загреваат со енергетски ефикасни уреди

msp-admin

Групација од поврзани фирми од Струмица е најголем должник во стечајот на „Еуростандард Банка“

msp-admin