СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Да се легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите кажа дека доколку  парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на законот за опојни дроги и даде можност во делот на медицинскиот канабис да извезува покрај естрахирано масло и сушен цвет, проценката  за 2021 е 250 милиони евра од производство за медицински употреби, исклучително за извоз.

Покрај извозот на сушен цвет, државата може и да ја легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството и така во буџетот да се слеваат уште стотици милиони евра.

„Отворена е можност да дебатираме сите во држвата, не брзаме никаде, цела 2021 година е пред нас, очекувам нашиот народ да оформи став по ова прашање исто како и сите институции, парламентот, владата, опозицијата, сите заедно да разговараме дали мислиме дека ставање во употреба на канабисот за рекреативни цели, за нешто коешто вчера видовме дека и Светската здравствена организација го пушти по светот, кое што покажува дека сме неколку чекори понапред дури и од СЗО. Во тој поглед може да го искористиме како акцелератор за развој на оние дејности кои не ни се доволно развиени, а тоа е пред се туризмот, угостителството и услужните дејности во државата“- изјави Заев.

Тој објасни дека во моментов има 50 лиценци од државата издадени за производство на канабис.
„Секој што аплицира може да добие лиценца, огромен дел од тие проекти се веќе реализирани и имаат свое сопствено производство за закон кој е донесен за време на претходната власт 2014 година или 2015 и по тој закон се движиме.“- дополни Заев.

Поврзани вести

Ангеловска: Поврат на ДДВ од македонски производи ќе биде 20%, а за другите 10%

Почнува исплатата на октомвриските пензии

Берта Китинска

НУК: Иницијатива до Народна банка за одложување, отпишување и репрограмирање на доспеани обврски и кредити на угостителите

Влатко Зорба