СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од утре бензините со намалена цена

Од полноќ се намалува малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 за 1,50 денар/литар, додека цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 1,00 денар/литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти.

Од вечер на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава за 59,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 61 денар, Еуродизелот (Д-Е V) за 53 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 53 денари, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,133 ден/кг. И ќе се продава по 28,368  (денари/килограм).

Според Регулаторната комисија за енергетика, во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи бележат зголемување: бензинот за 1,042%, дизелот за 1,524%, екстра лесното масло има зголемување во просек за 1,409 %   и кај мазутот од 0,73%.

Поврзани вести

Царовска: Микрокомпаниите ќе може да подигнат кредит од три до пет илјади евра

Северна Македонија ќе учествува во изградба на терминалот за течен природен гас во Александрополис во Грција

Александар Петровски

Дали ГТЦ ќе има нов модел на управување?

Влатко Зорба