СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Над 1.000 физички и правни лица од туристичко-угостителскиот сектор ќе добијат финансиска помош

Над 1.000 физички и правни субјекти аплицираа на петте јавни повици за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор кој минатиот месец ги објави Министерството за економија. Сите кои аплицирале ќе добијат државна помош.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на средба со претставници од туристичко-угостителскиот сектор информираше дека е задоволен со бројот на апликации, пред се бидејќи финансиската поддршка е наменета за оние кои беа најпогодени од пандемијата.

“Во четвртиот сет имавме неколку мерки кои предвидуваа директна поддршка на секторот туризам и угостителство. Минатата недела на четврти декември заврши рокот за аплицирање на петте јавни повици кои ги објави Министерството за економија, а се однесуваат за мерките за поврат на платена туристичка такса за 2019 година, како и директни грантови за туристички агенции, туристички водичи, игротеки и ноќни клубови. Во Министерството за економија согласно крајниот рок пристигнаа над 1.000 апликации, а денеска сакам да информирам дека сите кои што аплицирале ќе добијат финансиска помош“, рече Бектеши.

Бектеши кажа дека заедно со претставниците од туристичко-угостителскиот сектор веќе се работи на креирање на програмите и мерките за поддршка за следната година, за што во предлог-Буџетот на Министерството за економија за 2021 година веќе се предвидени финансиски средства.

“Очекуваме следната година по стивнувањето на пандемијата секторот туризам и угостителство полека да се врати на стапките на раст кои што ги имавме во 2019 година, за што Министерството за економија е во континуиран дијалог со овој сектор за креирање на мерки кои ќе имаат најдобар резултат“, кажа министерот Бектеши.

Поврзани вести

Вработените во Google тајно формираа синдикат

Влатко Зорба

Македонија: Во кој сектор бројот на отворени фирми е дупло зголемен?

msp-admin

H&M ги шпионирал вработените?

msp-admin