СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Илон Маск повлекува два големи потега

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск предупреди дека акциите на компанијата се прескапи, но тоа не го спречи производителот на автомобили да ги реализира своите спектакуларни профити.

Имено, компанијата Тесла посочи дека ќе има продажба вредна до 5 милијарди долари во дополнителни акции, што е второ вакво соопштение за неколку месеци.

Акциите на Тесла скокнаа за 677% оваа година, а Маск уште во мај објави дека цената на акциите на Тесла, според него, е „превисока“.

За разлика од претходните периоди, на Тесла сега не ѝ требаат очајно пари. На крајот на септември тие имаа на располагање 14,5 милијарди долари, повеќе од двојно во однос на почетокот на годината.

Наместо тоа, продажбата на акции се чини дека е обид да се претвори профитот од хартија во вистински пари, со оглед на тоа што проценката на компанијата достигна 600 милијарди долари за прв пат оваа недела.

„Веруваме дека ова е паметен потег во вистинско време за Musk & Co“, рече аналитичарот од „Ведбуш Секјурити“ Даниел Ајвс, пишува Си-Ен-Ен.

На крајот на краиштата, Тесла има низа големи трошоци. Нови погони се градат во Германија и околу Остин, Тексас. Покрај тоа, во тек е работа за лансирање на камион и полу-трактор.

Маск во вторникот откри дека тој навистина се преселил од Калифорнија во Тексас, велејќи дека верува оти државата Калифорнија започнала да ги зема своите иноватори здраво за готово. Исто така, треба да се има предвид дека Тексас не наплатува данок на приход на државата или данок на капитална добивка за физички лица, што е потенцијален благодет за вториот најбогат човек на светот.

Поврзани вести

ЕУ го рангира Huawei меѓу трите најдобри глобални иноватори

Никола Поповски

Државните нафтени компании може да потрошат 400 милијарди долари во енергетската транзиција

Влатко Зорба

Австралијци во поход на Европа: Сакаат да влезат на пазарот на канабис вреден 3,1 милијарди долари

Влатко Зорба