СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гејтс: Тврдењето дека сум ја предизвикал пандемијата е глупаво

Бил Гејтс, американски претприемач и основач на „Мајкрософт“, рече дека теоријата на заговор дека бил вклучен во пандемијата од коронавирус со цел инјектирање на чипови во телата на луѓето е толку глупава, што не заслужува да ја побие.

По избувнувањето на пандемијата на коронавирус на социјалните мрежи се шпекулира дека фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е вклучена во создавање на заразата за да се постават чипови за следење на луѓето ширум светот.

– Никогаш не сум се занимавал со микрочипови. Речиси е невозможно да се побие оваа гласина – толку е бесмислена и глупава, рече Бил Гејтс за „Business Insider“.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е втор по големина спонзор на Светската здравствена организација, обезбедувајќи 9,76% од буџетот на организацијата за 2018-2019 година. Фондацијата е главно заинтересирана за финансирање на истражувања поврзани со развој на нови лекови и вакцини.

Поврзани вести

Новиот шеф на Intel: Не може Apple да прави подобри чипови од нас

Влатко Зорба

Русија ќе го претстави ПРВИОТ ЕЛЕКТРИЧЕН АВИОН

Влатко Зорба

Тесла веќе заработи повеќе од биткоин отколку од електрични возила

Влатко Зорба