СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Нови 179 фирми опфатени со новиот сет мерки не исплатиле плати на своите вработени

Платата предвидена за 330 вработени за месец октормври не е исплатена од страна на 179 фирми кои добиле финансиска помош од државата, денес обелодени директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Лукаревска посочи дека износот кој го добиле овие компании изнесува 5,3 милиони денари, а по вработен тоа се 14.500 денари, односно 21.776 денари.

За октомври инаку 13.819 фирми побараше помош во однос на исплата на плати, а истата финансиска мерка ја добиле 12.598 фирми за своите 61.556 вработени лица.

Како што информира директорката на УЈП, се работи и за нецелосно исплатени плати и истите фирми ќе бидат доставени до Генералниот секретаријат на Владата.

„За работодавачите кои не дале плата следи опомена, а ако не ја исплатат, присилна наплата. Списоците со оние што не дале плата ќе бидат јавно објавени и тие нема да се менуваат ако некој дополнително ја даде платата“, посочи Лукаревска.

Овие компании кои ја злоупотребиле помошта ќе се казнуваат парично и за нив следи присилна наплата, но подлежат и на кривична одговорност, за што се предават списоците во Јавното обвинителство. Глобите инаку, се од 500 до 1.000 евра за микро фирма, од 500 до 2.000 евра за мала фирма, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема фирма.

Поврзани вести

Стапката на невработеност во првиот квартал од оваа година изнесува 16,2 отсто

Се бараат градежници, техничари, работници во услужните дејности…Слободни 9000 работни места

Берта Китинска

Намалена стапката на невработеност на 16,6 отсто