СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Најголеми средства издвоивме за најпогодениот туристички-угосителскиот сектор

По повод 100 дена Влада, министерот за економија, Крешник Бектеши изјави дека во овој изминат период главниот предизвик било справувањето со негативните ефекти врз стопанството во време на Ковид кризата.

„Сакам да изразам голема благодарност до оние кои беа вклучени во сите процеси во овие 100 дена. Главниот предизвик беше справувањето со негативните ефекти врз стопанството во време на Ковид кризата. Со почетокот на пандемијата се обидовме да се справиме со сите сектори. Особено со туризмот и угостителството. Исто така го донесовме и четвртиот сет мерки за граѓаните. Сакаме да донесеме измени за финансирање на компаниите, кои ќе бидат поддржани од страна на Владата. Ова следува по новите услови предизвикани од пандемијата. 17,2 милиони евра беа наменети за 400 компании кои вложуваа и инвестираа токму во време на Пандемија. Поддршката во овие 100 дена беше фокусирана на туристичко-угостителскиот сектор кој е најпогоден од оваа криза. Исто така ги поддржавме финансиски и занаетчиите“, истакна министерот Бектеши.

Поврзани вести

Бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 53.4 %

Влатко Зорба

Времено суспендирање на тргувањето со акциите на ЗК Пелагонија АД Битола

Влатко Зорба

Се преговара за инвестиции со 9 нови странски компании

Влатко Зорба