СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Листа на најплатени професии во Македонија

И во време на ковид-криза платите во Македонија статистички растат.

Според податоците на Државниот завод за статистика ИТ-секторот бележи пораст од 9,7 процентни платата во овој сектор изнесува 66.831 денари.

По ИТ-секторот следува производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 46.575 денари, телекомуникации со 43.110 денари, останати стручни, научни и технички дејности со 42.816 денари и воздухопловен транспорт со 42.281 денари.

Просечната месечна нето-плата по вработен во октомври 2020 година изнесува 27.899 денари и е повисока за 8,4 отсто во однос на истиот месец лани, за 2.173 денари. Дополнително, споредено со месец септември истата е повисока за 1,8 отсто, или за 494 денари, објави Државниот завод за статистика.

Според ДЗС, зголемувањето на просечната нето плата, се должи, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите здравствената и социјалната заштита, потоа уметност, забава и рекреација и преработувачка индустрија.

Согласно податоците на ДЗС, просечната бруто-плата, е за 9 отсто повисока од октомври минатата година, а за 2 отсто повисока од септември годинава. Просечната бруто плата изнесува 40.344 денари.

Поврзани вести

Извршителите се враќаат на работа, почнува присилната наплата на долговите

Visa истражување: Голем потенцијал за раст на употребата на дигитални паричници

Влатко Зорба

Македонската глобална недела на претприемништво со успешни приказни на стартап екосистемот

Берта Китинска