СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Компанија на необичен начин ги тестирала вработените: Им ветиле бонус, но…

Веб-огласувач и компанијата за регистрација на интернет домени, GoDaddy, испратиле е-пошта до сите вработени, во која се наведува дека ќе добијат бонус од 650 долари како подарок за празниците.

„Оваа година беше година на рекорден успех. Ви благодариме. Не можеме да бидеме заедно на Божиќната забава, но сакавме да ја покажеме нашата благодарност со еднократен празничен бонус од 650 долари“, се вели во пораката.

Меѓутоа, сето ова беше тест на компанијата. По два дена, вработените кои кликнале на линкот во пораката (околу 500 од нив) добиле нова е-пошта во која се наведува дека паднале на тестот, и дека ќе мора да посетуваат курс за социјален инженеринг, пренесува порталот Copper Courier.

Додека некои на социјалните мрежи го пофалија овој потег на компанијата, други имаа помалку разбирање, тврдејќи дека тоа е всушност индикатор за играње со чувствата на другите луѓе и недостаток на емпатија кон нивните вработени.

Патем, GoDaddy беше критикуван на почетокот на оваа година затоа што отпуштија голем број работници, иако остварија профит.

„GoDaddy ја сфаќа безбедноста многу сериозно. Ние разбираме колку се вознемирени некои вработени во врска со овој обид за фишинг и им се извинуваме. Ги тестиравме сега, но ќе бидеме повнимателни кон нив во иднина”, се вели во соопштението на компанијата.

Поврзани вести

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка

msp-admin

Ангеловска: Со купување домашни производи даваме поддршка на домашната економија и зачувуваме работни места

msp-admin

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од коронавирусот врз економијата

msp-admin