СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Со кого и за кого Владата ќе го дизајнира и крои петтиот сет економски мерки

Изминатите денови се повеќе од медиумите дознаваме и добиваме информации за најавата на т.н. петти сет пакет на економски мерки со кој ќе се постапува највнимателно, со цел да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните кои мерки треба да се дизајнираат во консултации со Синдикатите, Стопанските комори и други социјални партнери. Независната угостителска комора како единствена специјализирана комора на угостителите која ја штити и унапредува целокупната угостителска индустрија во Македонија досега сеуште нема добиено никаква директна информација ниту покана од Владата или било која друга институција за дискусии и предлози во креирањето на посебни економски мерки наменети за угостителите

Нашите иницијативи и укажувања за потребите од дополнителни економски мерки – финансиска поддршка и неповратна помош поради ограничувањата на работното време на угостителските објекти кое е направено со измените и дополнувања на одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од ковид-19 донесени на 30-та Седница на Влада од 15-ти Декември 2020 година и званично вродија резултати.

И покрај тоа што сеуште немаме добиено покана за јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите со Претседателот на Влада ги поздравуваме предновогодишните изјави и прес конференции на кои претставниците на Владата и Претедателот на Владата официјално ги најавија петтиот сет пакет на економски мерки со кои мерки треба да се таргетираат оние кои се најпогодени од кризата, како компаниите, така и граѓаните а се планираат да ги дизајнираат во консултации со Синдикатите, Стопанските комори и други социјални партнери.

Очекуваме покана како комора во креирањето на петтиот сет мерки со цел да земеме активно учество во креирањето на новиот сет мерки и заедно со останатите комори и Владата да дадеме и наш допринос истите да бидат креирани према вистинските и реалните потреби на угостителите и угостителската индустрија.

Сеуште немаме никакви информации за поднесената иницијатива до Уставниот суд од 18-ти Декември и покрај тоа што истата е со барање на времена мерка за која очекувавме брза реакција со оглед дека се работи за милионска неповратна штета и загуби кои се нанесуваат на угостителите поради селективноста и неоправданата на донесената рестриктивна мерка од страна на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

На ден пред заминувањето на оваа 2020 година се надеваме дека со нејзиното испраќање ќе ги испратиме и пандемијата Ковид-19 во минатото заедно со целокупната голгота низ која сите ние заедно поминавме изминатите 10 месеци и Новата 2021 година ќе ја пречекаме горди, здрави и сите на број со што брзо ќе го вратиме жарот и сјајот на целокупната угостителска индустрија.

Поврзани вести

НУК до Филипче: Зошто угостителите повторно се игнорираат и деградираат?

Влатко Зорба

Вонредна ревизија на индексот ОМБ

Влатко Зорба

„Middle East Eye“: Кога ќе останат без нафтата, што ќе се случи со Саудиска Арабија?