СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ќе се обелодени списокот на фирмите кои ја злоупотребија финансиската помош на државата

Во текот на денешниот ден се очекува, УЈП да го објави конечниот список на фирмите кои ја добиле државната помош, а истата не ја исплатиле на своите вработени во рамки на четвртиот сет економски мерки.

Инаку, директорката на УЈП, Сања Лукаревска вчера информираше дека листата ќе биде доставена до генералниот секретаријат, од каде треба да се објави списокот.

По опомената, за месец ноември, 351 фирма ги исплатиле парите на своите вработени. А од оние кои не го направиле тоа најголем дел се фирми во трговија, 43, потоа 37 во подготовка на оброци и 22 фирми во секторот транспорт и транспорт.

Управата за јавни приходи за една недела ќе ги блокира сметките на фирмите кои до сега не ја исплатиле платата на своите вработени а примиле државна помош, најави директорката Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

Поврзани вести

Во кои земји најмногу извезува С.Македонија?

Влатко Зорба

Николовски: Ќе продолжи инвестицискиот бум, една милијарда евра странски инвестиции

Заев: Најголемата бугарска софтверска компанија во наредните пет години е подготвена да инвестира 45 милони евра