СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според ССМ, на исхрана и пијалоци отпаѓаат 14.078,27 денари или 41,78 отсто, на домување 10.817,34 денари или 32,10 проценти, на хигиена 2.386,07 денари или 7,08 отсто, на превоз 2.464,22 денари или 7,31 процент, на облека и обувки 2.159,41 денари или 6,41 отсто, на култура 1.066,79 денари или 3,17 отсто, а на одржување на здравје 724,8 денари или 2,15 проценти.

Просечната исплатена нето плата во октомври 2020, потсетува ССМ, беше 27.899 денари.

Поврзани вести

ССК со признание од Светската Царинска Организација

Влатко Зорба

Струјата поскапува за 7,4 отсто, oстанува ефтината тарифа

Да се намали бројот на закони кои се носат по брза постапка, бараат претседателите на стопанските комори

Влатко Зорба