Познатиот инвеститор Мајкл Бури, кој стана популарен откако неговите подвизи беа прикажани во филмот Big Short,, објави дека го зголемил облогот против акциите на Tesla.
Инвеститорот, кој заработи милиони долари обложувајќи се на неквалитетни хипотекарни обврзници пред распадот на американскиот пазар на недвижнини во 2008 година, објави дека акциите на Tesla ќе пропаднат како недвижнините во земјата.
„Мојата кратка позиција станува се поголема и поголема“, вели тој.
Бури, кој работи од неговиот фонд за управување со средства Scion, објави на Твитер дека пазарната вредност на Tesla се зголемила за повеќе од 60 милијарди долари само во четвртокот.
„Ова е еднакво на пазарната капитализација на General Morors, или 2 пати поголема од проценката на Hersheys, 3 пати поголема од вредноста на Etsys, 4 пати поголема од вредноста на Dominos и 10 пати поголема од капитализацијата на Vornados“, додаде тој.
Вчера акциите на Tesla го продолжија движењето нагоре, додавајќи скоро 8% до 880,20 долари за акција. Производителот на автомобили веќе е проценет на 834 милијарди долари, според Yahoo Finance.
Својот мечкин облог Бури го објави на почетокот на декември. Акциите на Tesla додадоа 740% во 2020 година, како и скоро 25% во првата недела од 2021 година.
Сериозниот подем дури му овозможи на Елон Маск да го преземе водството меѓу најбогатите луѓе во светот. Претприемачот поседува 21% од компанијата, а неговото богатство, според Блумберг, се проценува на 195 милијарди долари.
Сепак, друг голем инвеститор, Чамат Палихапитија, е позитивно настроен во врска со акциите на Tesla, а дури оваа недела објави дека нивната вредност би можела да биде трипати поголема во иднина.