СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ПАНДЕМИЈА НА НЕВРАБОТЕНОСТ: Отпуштања во Европа, најмногу невработени во Австрија од Втората светска војна

Речиси два милиони луѓе во Европа сега се без работа, во споредба со 2019 година. Можеби најтешката ситуација по ова прашање е во Австрија, за која се проценува дека има најголема невработеност од Втората светска војна. Дури и во најсилната европска економија, Германија, растот на вработеноста што траеше 14 години заврши за време на корона-кризата, а слични вести пристигнуваат секој ден од другите развиени европски земји.

Според податоците на Евростат, невработеноста во ЕУ навистина опадна за 0,1 процент во ноември во споредба со октомври 2020 година, но сепак се зголемува во споредба со истиот период во 2019 година. Сепак, аналитичарите очекуваат натамошен раст на невработеноста.

Иако овие податоци предизвикуваат страв и кај нас, економистите сметаат дека порастот на невработеноста во Европа е всушност само еден од начините за справување со корона-криза.

Јоханес Копф, директор на Службата за вработување (АМС) во Австрија, предвиде дека сегашната корона-криза ќе доведе до понатамошен раст на невработените во таа земја, на над 500.000, најверојатно на крајот на јануари, но дека ќе следи ново економско закрепнување. Копф за АПА изјави дека Австрија се соочува со најголемата криза на пазарот на трудот од Втората светска војна.

– По кризата, следи нов бум – убеден е тој, додавајќи дека за тој период невработените треба да бидат преквалификувани и дообучени. Тој смета дека вакцинацијата е пресвртна точка, бидејќи кога вакцината е достапна за општата популација, тогаш може да се започне од растот на подготвеноста за инвестиции и потрошувачка.

Во Германија, на пример, во текот на 2020 година, годишниот просечен број на вработени беше 44,8 милиони, што значи дека имало 477.000 вработени помалку отколку во 2019 година.

– Така, за време на корона-кризата, растот на вработеноста, кој траеше 14 години, заврши, дури и за време на светската економска и финансиска криза во 2008 и 2009 година – објави Бирото за статистика.

Најголем пад на бројот на вработени се очекува во услужниот сектор (281.000), кој вклучува трговија, транспорт и угостителство. Во текот на минатата година, работните места кои претежно исчезнаа беа без постојани договори, додека, како што велат, скоро два милиони луѓе се на таканаречена работа со скратено работно време.

Покрај тоа што во овие земји живеат голем број Македонци, кои претежно се вработени во угостителство, а голем дел од нив останаа и без работа, Германија и Австрија се исто така меѓу најголемите наши економски партнери, па затоа не е изненадувачки што нашите граѓани се загрижени за овие податоци.

Поврзани вести

ФИТР: За само 72 часа доставени над 500 предлог-решенија за полесно справување со кризата од Ковид-19

msp-admin

10 земји кои најмногу ги ценат талентираните работници: Меѓу нив дури 8 европски

msp-admin

„Фолксваген“ со загуба од 800 милиони евра во првата половина од годината

msp-admin