По завршувањето на сеопфатната деловна анализа на „Ледо плус“, „Ледо Читлук“ и „Фриком“, кои заедно со неколку помали филијали ја сочинуваат деловната област замрзната храна, која е во фаза на продажба, „Фортенова група“ одлучи да продолжи со следната фаза – влегување во ексклузивни преговори со компанијата „Номад фудс“.
– „Номад фудс“ е компанија со исклучителни инвестиции и оперативни резултати и јасен фокус на сегментот замрзната храна во Европа. Има уште работа, потребно е да се исполнат барањата пред да се постигне конечен договор, но секако очекуваме да успееме во тоа – рече Џејмс Пирсон, извршен директор за финансии на „Фортенова група“.
Сеогласи и Фабрис Перучко, извршен директор и член на Управниот одбор на групата, истакнувајќи дека „успешно е завршена процедурата за длабинска анализа, што се применува во процесот на продажба, за деловната област замрзната храна, во која учествуваа повеќе страни, со прифаќање на продолжувањето на преговорите од таа компанија, исклучиво со „Номад фудс“.
– Тие се покажаа како потенцијален силен партнер за нашиот бизнис со замрзната храна. Крајната цел на групата, освен зголемување на вредноста, останува склучување на трансакција со стратешки партнер што ќе даде максимален придонес за понатамошен развој на деловната област замрзната храна, како и признавање на целосната вредност и потенцијал на овој бизнис и неговите луѓе – додаде тој.
Според него, оваа трансакција за „Фортенова група“ е „дел од процесот на оптимизирање на структурата на капиталот што ќе овозможи понатамошен развој на компанијата“.
– Очекувам следната фаза од продажбата на бизнисот со замрзната храна да заврши на крајот на првиот квартал од 2021 година со потпишување договор за продажба. Во тој случај, трансакцијата може да се склучи веднаш штом добиеме регулаторни одобрувања, можеби во текот на летото 2021 година. Ќе продолжиме редовно и навремено да ги информираме нашите вработени и пазарот за развојот на ситуацијата – заклучи Перушко.