СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Кој е најиздржливиот смартфон за 2020 година?

Зак од YouTube каналот JerryRigEverything ни е добро познат со тестовите за издржливост на разни телефони. Тој неодамна објави видео во кое ги најавува своите награди за издржливост во 2020 година.

Започнуваме со паметниот телефон со најголема можност за поправка, а ова е Google Pixel 5, кој нема завртки за обезбедување на екранот, и ова овозможува брзо заменување. На другиот пол е Black Shark 3, кој има прилично комплексен дизајн со повеќе ладни цевки.

Наградата за најиновативен паметен телефон е за ZTE Axon 20, првиот телефон со вградена селфи камера под дисплејот. Најубавиот модел (внатре) е Apple iPhone 12 Pro Max, а најмалку издржлив смартфон е OnePlus Nord.

Зак, исто така, дава награда за најголемата измама на годината, што ја освои Pixel 5 поради пластичниот капак на задната страна, што не е појаснето од компанијата.
Дојдовме и до најиздржлииот смартфон во изминатата година, а тоа е … погледнете од видеото подолу:

Поврзани вести

Податоците на 100 милиони корисници на Андроид се загрозени поради неправилна синхронизација на „облакот“

Фејсбук лансира гејмерска апликација

msp-admin

LG Rollable ќе се продава за 2.110 евра на крајот на 2021 година

Влатко Зорба