СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

BMW планира двојно да ја зголеми продажбата на целосно електрични возила во 2021 година

BMW објави дека има намера да ја дуплира продажбата на целосно електрични возила во 2021 година, пренесува Ројтерс.

Вклучувајќи ги plug-in хибридите, се планира да се зголеми продажбата на електрични возила за 50 проценти.

Тие не објавија специфични бројки за продажба на нивните целосно електрични возила, но BMW објави во вторникот дека минатата година продал близу 193.000 електрични возила – целосно електрични и plug-in хибриди.

За споредба, Tesla испорача нешто помалку од 500.000 целосно електрични возила на клиентите во 2020 година.

Групата BMW во моментов произведува тринаесет електрифицирани модели – или целосно електрични или plug-in хибриди – кои се продаваат на 74 пазари.

Поврзани вести

Казино „Фламинго“ донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 Евра на Општа Клиничка Болница во Гевгелија

msp-admin

Амазон привремено затвора складиште поради ширење на Ковид-19 меѓу работниците

Никола Поповски

Пандемијата им оди во прилог: „Netflix“ со приходи од 6,6 милијарди долари во последниот квартал на 2020 година

Влатко Зорба