И покрај „Брегзит“ и пандемијата на коронавирус, технолошките компании во Лондон минатата година собраа 10,5 милијарди долари за финансирање на ризичен капитал. Ова е нов рекорд за Велика Британија и Европа, пишува „Форбс“.
„Лондон е технолошки главен град на Европа“, рече градоначалникот на Лондон – Садик Кан.
Минатата година, градот привлече повеќе инвестиции во овој сектор отколку Берлин, Париз и Стокхолм заедно, според Dealroom.co, кој ги следи инвестициите на европски ризичен капитал.
Зад технолошкиот бум на Лондон стои „миграција“ на ризичен капитал источно од Силиконската долина. Повеќе од половина од минатогодишното финансирање од 10,5 милијарди долари дојде од надвор од Европа, а 36 проценти од таа инвестиција дојде од Северна Америка.
„Велика Британија има квалитети да стане Силиконска долина во Европа“, рече Грег Џексон, извршен директор и основач на „Octopus Energy“, кој минатата година собра 527 милиони долари за два круга финансирање.
Една од најголемите фирми со ризичен капитал во Силиконската долина, „Sequoia Capita“, го прошири своето присуство во Велика Британија во текот на изминатата година.
Во исто време, износот на инвестиции за ризичен капитал во Сан Франциско падна за една четвртина помеѓу 2019 и 2020 година.
На глобално ниво, Лондон е рангиран на петтото место на рангирањето на финансирање на ризичен капитал од страна на Dealroom.co. Бројките покажуваат дека ова е само 100 милиони долари зад Шангај.
Инвеститорите се фокусираат на секторите Fintech и Edtech. Британскиот сектор Edtech (образовна технологија) привлекува значителен проток на инвестиции. Британските компании Edtech минатата година пораснаа за 72%, додека во САД паднаа за 12%.
Според експертите, над 40% од сите инвестиции на Edtech во Европа одат во Велика Британија. Ова во најголем дел се должи на Ковид-19, кој дејствуваше како забрзувач на пазарот, изјави Дејвид Робертс, извршен директор на платформата за едукација преку Интернет, KidsLoop.
Некои веруваат дека влијанието на Ковид-19 и Брегзит сепак ќе влијае на Велика Британија. Земјата допрва треба да преговара за трговски договори за финансискиот сектор со Европската унија. Секоја голема промена може да влијае на идните првични јавни понуди ИПО или протокот на ризичен капитал.
Dealcoom.co проценува дека 1.252 британски фирми со ризичен капитал минатата година собрале 7,8 милијарди долари.