СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Компанија за доставување храна собра 180 милиони долари и веќе се проценува на 7 милијарди

Британската компанија за испорака на храна „Deliveroo“ објави дека собрала уште 180 милиони долари финансирање од сегашните акционери, вклучувајќи го и малцинскиот акционер „Amazon“, што значи дека компанијата веќе се проценува на над 7 милијарди долари.

„Deliveroo“ се очекува да започне со првична јавна понуда (ИПО) во наредните месеци, што се предвидува да биде најголемата нова емисија на акции на лондонската берза во последните три години, според Ројтерс.

„Оваа инвестиција ќе ни помогне да продолжиме да иновираме, да развиваме нови технолошки алатки за поддршка на рестораните, да обезбедиме повеќе работа за продавачите и да им понудиме поголем избор на клиентите“, рече основачот и извршен директор на Вил Шу.

Во август, регулаторите во Велика Британија го одобрија купувањето на 16% на „Deliveroo“ од страна на „Amazon“ во мај 2019 година, откако ги отфрлија приговорите од локалните ривали „Just Eat Takeaway“ и „Domino’s Pizza“.

Делот на интернет гигантот не се очекува да порасне како резултат на учеството на „Amazon“ во последната рунда прибирање средства, предводена од американските акционери Durable Capital Partners и Fidelity Management & Research.

„Deliveroo“ работи во 12 земји, најмногу во Западна Европа, но исто така и во Австралија, Хонг Конг, Сингапур и ОАЕ.

Поврзани вести

Јавниот долг на САД ќе биде двојно поголем од БДП до средината на векот

Влатко Зорба

„Телеком Србија“ не се спојува со „Теленор“

Влатко Зорба

Маск: Ризикувајте повеќе, работете помалку

Влатко Зорба