СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За само четири дена пропадна договорот вреден 20 милијарди долари за Carrefour

Само четири дена откако стана јасно дека канадската компанија Alimentation Couche-Tard е подготвена да го купи францускиот ланец Carrefour, двете страни потврдија дека ги завршиле преговорите без резултати.

Во средината на минатата недела стана јасно дека Couche-Tard понуди цена од 20 милијарди долари за стекнување на европскиот гигант.

По острите реакции од француската влада, како и критиките од голем број експерти во саботата, двете компании потврдија дека на крајот нема да има договор.

Сепак, „Блумберг“ посочува дека тие се согласиле да работат заедно во области како што се синџирите за снабдување со производи и бизнисот со горива на Couche-Tard.

По официјалната потврда за преговорите меѓу двете компании, француската влада излезе со свој став на оваа тема, во која јасно ги изрази своите сомнежи во врска со трансатлантскиот договор.

Според министерот за финансии на земјата Бруно Ле Мер, пандемијата „ја покажува важноста на внатрешната контрола врз резервите на храна“.

„Од оваа гледна точка, јас не сум за идејата Carrefour да ја купи странски конкурент“, коментираше тој минатата недела.

Поврзани вести

Акциите на социјалните мрежи паѓаат поради хаосот со „ГејмСтоп“

Влатко Зорба

По 230 Балканци секој ден заминуваат во Германија на работа

msp-admin

Голема хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС

msp-admin