СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Берза ги исклучи од котација акциите на Карбо Нова и Агроплод

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 14.01.2021 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Карбо Нова АД Крива Паланка, поради стечај на друштвото.

Акциите издадени од Карбо Нова АД Крива Паланка ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 18.01.2021 година (Понеделник).

Одборот на директори на Македонската берза на истата седницата донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Агроплод АД Ресен поради извршена трансформација на друштвото во ДООЕЛ. Акциите издадени од Агроплод АД Ресен ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 18.01.2021 година (Понеделник).

Поврзани вести

Оштетени штедачи: Каде Николче Петкоски поклони 1,2 милиони евра пари од оштетените депоненти на „Еуростандард“?

Влатко Зорба

Секторот за финансиски услуги е подготвен за финтек-трансформација

Влатко Зорба

СКМ го менува називот во Стопанска комора на Северна Македонија

Влатко Зорба