СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Истражување: Apple Watch ги открива раните симптоми на Ковид-19

Истражувања сугерираат дека паметните часовници, како Apple Watch, можат да детектираат појава на коронавирус пред да се појават симптомите или позитивен тест. Студијата, спроведена од Mount Sinai Health System, им дава на експертите надеж дека Apple Watch може да има важна улога во спречување на пандемиите и другите заразни болести.

Излезе дека Apple Watch е во состојба да открие скоро незабележливи промени во срцевиот ритам на една личност до седум дена пред да се појават првите симптоми на коронавирус или да се открие вирусот со тест. Во студијата учествувале скоро 300 здравствени работници кои носеле Apple Watch помеѓу 29 април и 29 септември, чиишто варијации на срцевиот ритам биле анализирани. Ова е чест индикатор за тоа колку добро работи имунитетниот систем на една личност.

„Во моментот, првенствено се потпираме на симптомите пријавени од самите пациенти, но носењето Apple Watch не бара човечка активност и може да ги идентификува луѓето, кои можеби немаат симптоми“, велат експертите во студијата.

Истражувачите успеале да идентификуваат скоро 2/3 од случаите на коронавирус помеѓу 4 и 7 дена пред појавата на симптомите.

Во меѓувреме, друга студија на Универзитетот Стенфорд ја разгледува корисноста на фитнес тракерите од Garmin, Fitbit и Apple за рано откривање на болеста.

Резултатите покажуваат дека овие уреди можат да откријат промени во отчукувањата на срцето во мирување до 9 дена пред да се појават првите симптоми кај пациентите.

Поврзани вести

Fortnite стана една од најголемите игри досега со 350 милиони играчи

msp-admin

Брендот Google Phone се насочува кон бизнисот

Влатко Зорба

Samsung Galaxy Fold 2 ќе има поевтина верзија и 256 GB меморија за складирање

msp-admin