СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Deloitte: Ковид ги одалечува клиентите од електричните автомобили и новите технологии

Пандемијата на коронавирусот го забави развојот на настаните во автомобилската индустрија, бидејќи потрошувачите се помалку склони кон нови технологии и повеќе се свртуваат кон традиционалните платформи, според глобалното истражување на Делоит.

Како што се наведува, иако трендот на купување електрични автомобили е се поприсутен, потрошувачите се загрижени за состојбата со пандемијата, па при избор на автомобил, приоритет им е да го познаваат возилото и достапноста. За тоа сведочи и фактот дека 74 проценти од американските потрошувачи сакаат традиционален мотор со внатрешно согорување во нивното следно возило.

Истражувањето потенцира дека иако продажбата на автомобили преку Интернет се зголемила поради пандемијата, во иднина, 71 процент од американските потрошувачи повеќе сакаат да купуваат автомобили лично.

Поголем интерес на потрошувачите за електрични возила

Според истражувањето, пред електричниот погон целосно да ги замени моторите со внатрешно согорување, потребно е на потрошувачите да им се гарантира километражата опфатена со едно полнење на батеријата, да се воспостави сигурна инфраструктура за полнење на возилата и да се обезбеди прифатлива електрична енергија. Иако пандемијата продолжува да придонесува за зајакнување на ваквиот став, построгите регулативи во однос на емисиите на јаглерод во блиска иднина ќе ги намалат можностите за традиционална употреба на мотори со внатрешно согорување.

Поради потребата да се знае возилото и финансиската загриженост за пандемијата Ковид-19, потрошувачите ширум светот се претпазливи да ги заменат моторите со внатрешно согорување со друга технологија во наредниот период. Само една четвртина (26 проценти) од американските потрошувачи размислуваат за друг вид мотор за нивното следно возило, што е пад од 15 проценти во споредба со минатата година.

Финансиските грижи ги менуваат плановите за идните набавки на возила

Истражувањата покажуваат дека постојаните финансиски грижи влијаат врз набавките на автомобили ширум светот. Поради пандемијата „Ковид-19“, потрошувачите на многу пазари преиспитуваат не само кога ќе го купат своето следно возило, туку и за тоа каков вид на автомобил ќе биде. Бидејќи се повеќе потрошувачи се грижат за цената на ново возило, бројот на луѓе што ја одложуваат исплатата на ратата за заем / лизинг се зголемува, додека некои планираат да купат поевтин автомобил отколку што првично планирале.

Секој десетти Американец (10 проценти) одлучил да го одложи плаќањето на ратите во 2020 година, но тој процент е поголем (23 проценти) кај купувачите на возраст меѓу 18 и 34 години.

Виртуелна набавка на автомобил

Пандемијата „Ковид-19“ резултираше со зголемување на бројот на виртуелни трансакции, но одредени аспекти од процесот на набавка сè уште е тешко да се дигитализираат, што потоа ја зголемува желбата на потрошувачите за лице в лице искуство за купување.

Американците сè уште претпочитаат да купуваат лице во лице (71 процент), сепак, се чини дека купувачите во Индија се најотворени за виртуелни трансакции во автомобилскиот сектор, со скоро една третина од потрошувачите (27 проценти) велат дека претпочитаат целосно виртуелно искуство со купување

Овластените дистрибутери ќе продолжат да бидат дел од процесот на виртуелно купување затоа што повеќе од половина (59 проценти) од потрошувачите во САД претпочитаат да прават деловни активности со овластен препродавач.

Способноста да се провери изгледот на автомобилот сè уште е пречка за целосна транзиција кон виртуелна продажба, според 75 проценти од американските потрошувачи, како и 80 проценти од испитаниците во Јапонија, и 76 проценти од испитаниците во Германија.

Инаку, годинашното истражување на глобалниот автомобилски пазар на Deloitte опфати 24.000 потрошувачи во 23 земји.

Поврзани вести

Каде се најскапи телекомуникациските услуги во ЕУ, а каде сме ние?

msp-admin

Извозот на електрични автомобили бележи раст од 207,4 отсто

msp-admin

Норвешка блокираше продажба на стратешка компанија на Русите

Влатко Зорба