СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Компанија ќе дава плата во Биткоини

Sequoia Holdings, компанија за развој на софтвер, соопшти дека нејзините вработени во иднина би можеле да добијат дел од својата заработка во криптовалути.

Во моментов, на работниците им е даден избор. Ако сакаат, дел од платата ќе се исплаќа на тој начин.

Според новата програма, вработените можат да изберат да инвестираат дел од својата плата во Биткоини, Биткоин Кеш или Етереум, соопшти компанијата.

На почетокот на овој месец БТК, најпопуларната криптовалута во светот, достигна рекордни 42.000 долари.

Зголемувањето беше предизвикано од зголемената побарувачка од институционални, корпоративни и, неодамна, малопродажни инвеститори, привлечени од можноста за брз профит.

Сепак во изминативе 24 часа најпознатата дигитална паричка падна под 30.000 долари.

Поврзани вести

Биткоин на најниско ниво во последниве 3 месеци

Најлошата недела за Биткоин од март ја намалува вербата во крипто-бумот

Влатко Зорба

Robinhood го ограничува тргувањето со крипто-средства „поради екстремни услови на пазарот“

Влатко Зорба