СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Рибароски избран за претседател на Комората на друштва за геодетски работи

На редовно годишно собрание, делегатите го избраа Никола Рибароски за претседател на Комората на друштва за геодетски работи.

По изборот тој истакна дека ќе ги застапува заедничките интереси на членовите на Комората институциите на национално и интернационално ниво, ќе ги чува угледот, честа и правата на членовите и вработените овластени геодети, и ќе се грижи дејност да ја вршат во согласност со матичниот Закон.

Рибароски е дипломиран геод. инжинер и магистер по технички науки на Градежниот факултет во Скопје. Има повеќегодишно искуство во секторот и во изминатиот мандат беше член на управниот одбор на Комората.

Рибароски делуваше со силни и континуирани заложби за подобрување на условите за работа за геодетските друштва, но и за зголемување на јавните овластувања за геодетите кои се неопходни за либерализација на пазарот и економски раст на секторот, соопштија од Сојузот на стопански комори.

Поврзани вести

Македонска пошта почна со платниот промет

Влатко Зорба

Колку злато остана во светот

Stefanija Kuzmanovska

Укажуваме дека ако платите се покачуваат без да се зголемува продуктивноста може да се јави проблем

Stefanija Kuzmanovska