СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Ја поздравуваме одлуката за продолжување на субвенција за плати за вработените во угостителската индустрија

„На ден пред официјално закажаната средба со Вицепремиерот Битиќи членовите на управните органи на Независната угостителска комора во пресрет на истата имаа закажано координативен состанок и заедничка прес конференција со македонските здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид, ЗДРУЖЕНИЕ НА ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА од Скопје и здружението МУЗИКА СЕГА од Скопје со цел усогласување на барањата и очекувањата на Владата и формирање на тим од официјални претставници кои треба да учествуваат на оваа средба“, соопштуваат денеска од НУК.

„Со оглед дека во текот на денот (Четврток 28ми Јануари) добивме телефонска информација дека Вицепремиерот Битиќи поради неодложни приватни обврски нема да присуствува на закажаната средба донесовме одлука дека средбата по препорака на Претседателот на Влада можеме да ја направиме исклучиво со главниот и одговорниот носител и креатор на петтиот сет мерки Вицепремиеро Битиќи или со самиот Претседател на Влада.

Со оглед дека во истиот ден Петок денес останатите комори пред нас во 10:00 часот имаат состанок со Претседателот на Влада, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и Министрите за економија и финансии доставивме ова утро и официјално барање до Претседателот на Влада и ние да присуствуваме на таа средба со цел заедно со сите останати комори и индустрии да учествуваме рамноправно и да бидеме дел во официјалното тело каде према потребите се предлагаат, креираат и кројат новиот пакет на економските мерки за помош и поддршка на економијата.

Независната угостителска комора во пресрет на денешната закажана средба до Вицепремиерот Битиќи на 28-ми Јануари во 07:01 часот со е-пошта достави барање за официјална потврда – поканa со информации за точки и теми за дискусија меѓу кои и барање дали планираната работна средба може да биде јавна и отворена за медиумите односно јавно – во живо да се емитува на една до постојните телевизии или преку социјалните мрежи се со цел јавно и транспарентно да имаат можност угостителите и угостителските работници да се запознаат со можностите и плановите на Владата за новиот петти сет економски мерки наменети за угостителската индустрија.

Со оглед дека од страна на Кабинетот на заменик на претседателот на Владата сме известено дека на договорената средба поради неодложни приватни обврски вицепремиерот Битиќи нема да може да присуствува на средбата доставивме барање наместо средбата во 14:30 да бидеме поканети за учество во работна средба со претставници на 4-те комори и владата во предлагањето и креирањето на 5-тиот сет економски мерки која се одржува истиот ден во 10:00 часот.

Во однос на доставените барањата и очекувањата од страна на Независната угостителска комора заедно со македонските здруженија за туризам и угостителство за петтиот сет економски мерки за помош и поддршка на економијата ја поздравуваме одлуката на Владата за продолжување на субвенција за плати за вработените во угостителската индустрија со очекување дека во конечната одлука истата ќе биде безусловна за угостителските работници во висина на бруто плата со што Владата прави огромен допринос во зачувувањето на секое работно место во угостителската индустрија.

Останува и понатаму очекувањето за реализација на работна средба со Претседателот на Влада за утврдување на штетата и загубата што е направена на угостителите со последната рестриктивна мерка со која се ограничува работното време исклучиво и само на угостителите и изнаоѓање на начини и можности со кои Владата ќе може истата да ја ублажи и надомести преку дополнителни ослободувања или со новиот петти сет економски сет мерки на финансиска помош и поддршка“, истакнуваат оттаму.

Поврзани вести

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денари

Влатко Зорба

Поради оптоварувње на системот УЈП го продолжи рокот за поднесување на барања за новиот сет мерки

Туристичките агенции ќе може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ за користење ваучери

Берта Китинска