СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Од 2035 година, ГМ ќе произведува само електрични автомобили

Најголемиот американски производител на автомобили, „Џенерал моторс“, објави дека од 2035 година ќе продава исклучиво автомобили, џипови и лесни камиони со нула издувни гасови.

Компанијата, исто така, планира да стане јаглерод неутрална до 2040 година и најави драматичен пресврт нешто повеќе од една недела откако Џо Бајден ја презеде функцијата, ветувајќи дека ќе се бори против емисиите на стакленички гасови и ќе ја зголеми продажбата на електрични возила.

ГМ минатата година продаде 2,55 милиони возила на домашниот пазар, но само 20.000 од нив беа електрични. Во ноември компанијата објави дека ќе инвестира 27 милијарди долари во електрични и автономни возила во следните пет години, наспроти планираните 20 милијарди пред пандемијата на коронавирус.

Извршниот директор на ГМ, Мери Бара, агресивно ја охрабри компанијата да се сврти кон електрични возила и да се оддалечи од бензинот. ГМ, во соработка со еколошкото здружение ЕДФ, создаде „визија за целосно електрична иднина“ и сака да ги елиминира емисиите од лесните камиони до 2035 година, рече Бара во изјавата.

ГМ и другите големи производители на автомобили минатата година застанаа на страната на тогашниот претседател Доналд Трамп, кој се соочи со тужба за планираното укинување на стандардите за емисии до 2026 година.

Во ноември, сепак, ГМ се повлече од посебен правен спор, во кој застанаа на страната на кабинетот на Трамп, поддржувајќи ги неговите напори да забрани Калифорнија да воведува регулативи за емисии самостојно.

Минатата недела, по влегувањето во Белата куќа, Бајден им нареди на државните агенции да го преиспитаат укинувањето на регулативите за емисии од страна на Трамп и укинувањето на овластувањата на Калифорнија сами да постават соодветни стандарди.

ГМ е „отворен за соработка со Калифорнија и кабинетот на Бајден за постигнување договор за националните стандарди и комплементарни мерки за забрзување на електрификацијата на секторот за лесен транспорт“, рече ГМ во посебна изјава.

Најавувајќи ги промените, компанијата потврди дека планира да произведува возила со нулта емисија.

„Преземаме чекори за елиминирање на емисиите на издувни гасови до 2035 година. За нас е апсолутно остварливо поставување на 15-годишна цел“, рече главниот директор за одржливост на ГМ, Дејн Паркер.

Поврзани вести

Кои акции доминираа на берзата во вториот квартал?

msp-admin

Сугарески: Граѓаните да не купуваат или резервираат авиобилети

msp-admin

Македонија: Во кој сектор бројот на отворени фирми е дупло зголемен?

msp-admin