СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во декември околу 60 илјади вработени добиле помош од просечно 15.800 денари

Доколку има потреба во наредните месеци ако е потребно ќе има нови мерки за граѓаните. Никој не е изоставен од мерките, бидејќи сите граѓани нас ни се битни како Влада и ќе бидат опфатени со различните мерки во различните пакети кои ги носиме. Како Влада знаеме дека се уште ќе се справуваме со Ковид-19 и затоа креиравме програми во ресорните министерства во кои во некои програми ги дополнивме со дополнителни финансиски средства за граѓаните, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Евентуалното супституирање на мерката финансиска поддршка на плати со новата мерка за поддршка на плати преку кредитната линија на Развојната банка, појасни, ќе биде само супститут, а критериумите би требало да останат исти и помошта да ја добијат сите на кои им е потребна.

-Не размислуваме за критериуми преку кои на некои ќе им кажеме сега нема пари. Не е класична кредитна линија туку само го менуваме супститутот. Тоа е во духот на развој и рестарт на економијата, а дополнително ги мотивираме компаниите да покажат позитивни финансиски резултати за да добијат одредена сума на неповратни средства. Никој нема да биде изоставен. Следиме дека се намалува бројот на компании и работни места за кои е потребна поддршка и имаат пад поголем од 30 отсто. Ако во април имаше 128 илјади вработени на кои им требаше финансиска поддршка од 14.500 денари во декември има околу 60 илјади вработени од околу 11 илјади фирми кои ја искористиле оваа поддршка и добиле просечно 15.800 денари, истакна Битиќи.

За финансиската помош од претходните пакети мерки рече дека до 31 декември според последните проценки од Буџетот се исплатени 350,4 милиони евра во кои не влегуваат финансиските средства кои се потрошени во јануари годинава и посочи дека иако се доставени пред повеќе од 2,5 месеци се уште не се донесени во Собранието трите законски решенија кои требаше да вбризгаат 250 милиони евра во стопанството.

Поврзани вести

Американската компанија „Дура аутомотив системс“ гради две нови фабрики во Бунарџик

Stefanija Kuzmanovska

„Дрисла“ ќе добие над 630 илјади евра за чистење на медицински отпад од Клинички

Влатко Зорба

Забележан нето-одливи со директните инвестиции во вториот квартал

Берта Китинска