СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра до март 2022 година

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, за првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување.

Имено, крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година. Оваа промена овозможува значителна поддршка за Народната банка од ЕЦБ, со оглед на тоа дека создава дополнителен простор за брзо и ефикасно дејствување доколку има потреба од ублажување евентуални натамошни ефекти од корона-кризата врз домашната економија и финансиските пазари, имајќи ја предвид неизвесноста на актуелната глобална криза.

Репо-линијата одобрена од ЕЦБ претставува потврда за подготвеноста на Народната банка, во рамките на своите надлежности, соодветно и навремено да им одговори на предизвиците од тековната криза и успешно да ја одржува ликвидноста и макрофинансиската стабилност.

Поврзани вести

Бесими: Јавниот долг во функција на економскиот раст

Влатко Зорба

Поради зголемувањето на цената на струјата НСГРИТГ ќе организира протест

Берта Китинска

Светска банка предвидува дека оваа земја ја очекува економски раст во 2021 година

Берта Китинска