СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Јосифовски се стекнал со 90 обични акции од Макпетрол

Претседателот на Управниот одбор на Макпетрол, Андреја Јосифовски се стекнал со уште 90 акции од друштвото, соопштија оттаму.

„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор г. Андреја Јосифовски, се стекна со 90 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје“, стои во известувањето.

Според Македонска берза, една акција на Макпетрол денеска се тргува за 72.500,00 денари.

Поврзани вести

Ангеловска Даноци се воведуваат за да се има добар план за ефикасна наплата

msp-admin

Намален бројот на издадени одобренија за градење во април

Оддржана 37. седница на Клубот на истражувачите при Народна банка

Ангела Веселиновска