СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра до март 2022 година

Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука за продолжување на важноста на репо-линијата преку којашто минатата година, за првпат, ѝ овозможи на Народната банка пристап до девизна ликвидност во евра, со соодветно обезбедување.

Имено, крајниот рок на примена на репо-линијата во вредност до 400 милиони евра е продолжен до март 2022 година. Оваа промена овозможува значителна поддршка за Народната банка од ЕЦБ, со оглед на тоа дека создава дополнителен простор за брзо и ефикасно дејствување доколку има потреба од ублажување евентуални натамошни ефекти од корона-кризата врз домашната економија и финансиските пазари, имајќи ја предвид неизвесноста на актуелната глобална криза.

Репо-линијата одобрена од ЕЦБ претставува потврда за подготвеноста на Народната банка, во рамките на своите надлежности, соодветно и навремено да им одговори на предизвиците од тековната криза и успешно да ја одржува ликвидноста и макрофинансиската стабилност.

Поврзани вести

Бензините поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и пол

Александар Петровски

Лукаревска:  Апликацијата „Мој ДВВ“ е успешна мерка која ја користат 304.912 граѓани

Спасовски: Банкарскиот систем кој е најстабилен, ќе мора да носи дел од товарот

Берта Китинска