20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тесла со предлог за инвестиција во земјата со најголемите резерви на никел во светот

Индонезија потврди дека добила предлог за инвестиција од производителот на автомобили Тесла, пренесе Ројтерс.

Веќе некое време се шпекулира дека Тесла би можел да отвори фабрика во оваа земја.

„Го добив нивниот предлог утрово и ќе се состанеме со нив следната недела за да добиеме официјални појаснувања“, рече заменик-шефот за инвестиции и рударство, Септијан Харио Сето.

Индонезија сака да стане најголем производител на литиумски батерии затоа што ги има најголемите резерви на никел во светот.

Индонезиските власти претходно изјавија дека постои „навистина добра шанса“ компаниите да сакаат да инвестираат во преработка на индонезиски никел за да ги намалат трошоците.

Првиот човек на Тесла, Елон Маск неодамна изјави дека планира да понуди „џиновски договор на подолг временски период“ се додека никелот се ископува „ефикасно и на еколошки чувствителен начин“.

Индонезија сака да развие целосен синџир на снабдување со никел дома, особено за вадење хемикалии од батерии, правење батерии и конечно изградба на електрични возила.

Поврзани вести

БМВ повлекува 430 илјади автомобили поради опасност од пожар

Влатко Зорба

Податоци вредни 350 милијарди долари се украдени од гејмерите ширум светот во 2020 година

msp-admin

Расте улогата на односите со јавност во управување со компаниите

msp-admin