СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Г7: САД се повторно на маса и ќе и помогнат на глобалната економија

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден соопшти пред сојузниците на состанокот на Г7 во петокот дека тој повторно ќе се ангажира за да помогне во излегувањето на глобалната економија од најголемата криза од Големата депресија, спротивно на пристапот на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен соопшти на своите колеги во седумте најбогати земји во светот (Г7) дека Вашингтон е посветен на мултилатерализам и дека „тоа дава голем приоритет на продлабочување на нашиот меѓународен ангажман и зајакнување на нашите сојузи“.

На виртуелниот видео состанок на Г7, под претседателство на Велика Британија, Јелен повика на континуирана фискална поддршка на економиите за да се обезбеди нивно закрепнување, тврдејќи дека сега е време да се оди со големи стимулации.

Британските власти соопштија дека на состанокот се разговарало за давање помош на работниците и претприемачите погодени од пандемијата, истовремено обезбедувајќи одржливост на јавните финансии „на долг рок“.

Италијанскиот министер за економија Роберто Гвалтиери рече дека групата е посветена на продолжување на координираните напори за поддршка на економијата.

„Прерано е да се повлече поддршката“, напиша тој на Твитер.

Бајден предложи нов фискален стимул од 1,9 трилиони американски долари за трошење и даночно олеснување во САД, покрај повеќе од 4 трилиони долари грантови веќе одобрени од неговиот претходник Трамп, за помош поради пандемијата на коронавирус.

Британскиот министер за финансии Риши Сунак се очекува да објави продолжување на неговата програма за економски мерки следниот месец и дека прашањето за ставање во ред на јавните финансии ќе се реши подоцна.

Велика Британија исто така објави дека претставниците на Г7 се согласиле дека клучен приоритет е да се постигне напредок во постигнувањето на „меѓународно решение за предизвиците со оданочување на дигиталната економија“.

Државите веќе некое време се обидуваат да ги оживеат напорите за глобален пристап кон оданочување на дигиталните корпорации, од кои повеќето се американски, како Амазон и Гугл, откако тој напредок беше блокиран од администрацијата на Трамп. Велика Британија го повика Г7 да се согласи на заеднички пристап за оданочување на Интернет гигантите до средината на годината, краен рок договорен со пошироката група – Г20.

Некои членки на Г7 поддржуваат ново издание на сопствената валута на ММФ, позната како специјални права на влечење (SDR), за да и се помогне на финансиската институција да им помогне на земјите со ниски примања во корона-кризата. Последен пат SDR беа издадени во 2009 година.

Американски официјални лица, најголемиот акционер на ММФ, сигнализираа дека се отворени за ново издание на SDR, што е уште една промена од администрацијата на Трамп.

Извор од Г7, кој сакаше да остане анонимен, за Ројтерс изјави дека САД им кажале на другите земји дека ќе бидат потребни неколку недели да ја финализираат оваа емисија.

Овој потег е политички чувствителен за Јелен, бидејќи ќе обезбеди нови ресурси за сите членови на ММФ, вклучително и богатите земји како Кина и американските непријатели како Иран и Венецуела, што ќе предизвика спротивставување на републиканците.

Г7 се состои од САД, Велика Британија, Јапонија, Франција, Германија, Италија и Канада.

Поврзани вести

Apple ќе произведе свој 5G модем за iPhone до крајот на 2022 година

msp-admin

„Генерал Моторс“ сака да ја победи Норвешка во трката со електрични возила – и го најми Вил Фарел да помогне (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Цените на угостителските услуги повисоки во октомври

msp-admin