СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Германската индустрија стагнираше во декември

Германското индустриско производство стагнираше во декември, бидејќи рестриктивните мерки дома и во странство насочени кон спречување на пандемијата „Kовид-19“ го попречуваа извозно-ориентираниот производствен сектор во најголемата економија во Европа, покажуваат денешните статистички податоци.

Индустриското производство во последниот месец од 2020 година, забележа нула раст на месечно ниво во споредба со високо ревидираниот индикатор од 1,5 процент во ноември, објави Федералното биро за статистика „Дестатис“.

Ова е прва стагнација по седум последователни месеци раст, пренесува Ројтерс.

Главната кочница беше градежниот сектор, каде производството падна за 3,2 проценти.

Ако го погледнеме основното производство, тогаш е забележано месечно зголемување од 0,9 проценти.

Високо ревидираните податоци за ноември придонесоа растот на вкупното индустриско производство во четвртиот квартал да достигне 6,1 процент во споредба со споредливиот квартал од 2019 година.

„Идните перспективи на индустрискиот сектор се уште се пригушени, имајќи предвид дека развојот на пандемијата создава тесни грла во синџирот на снабдување на индустријата за полупроводници“, изјави Министерството за економија.

Министерството забележува дека падот на индустриските нарачки и деловното расположение дополнително ги заматува изгледите.

Податоците од минатата недела покажаа дека нарачките за германски производи паднаа во декември над очекувањата, ставајќи крај на седуммесечната серија раст, бидејќи ограничувачките мерки на короната ја поткопаа побарувачката од другите земји од еврозоната.

Поврзани вести

Колку извезуваме, а колку увезуваме од Германија, Британија и Србија?

msp-admin

Давитков од PwC: Пристапот до капитал е еден од најголемите предизвици за амбициозните компании

msp-admin

Еден од најбогатите Кинези држен како заложник во неговиот дом

msp-admin