СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Си Џинпинг: Неверојатен напредок во проектите во Србија, Грција и Хрватска

Соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа послужи за поддршка на развојот и подобрувањето на животот на луѓето, а постигнат е неверојатен напредок во бројни проекти во Србија, Грција и Хрватска, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг.

За време на своето обраќање преку видео-врска на денешниот самит на Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа, тој ги пофали различните достигнувања на соработката меѓу двете страни.

Си го пофали напредокот во голем број проекти, вклучувајќи го пристаништето Пиреја во Грција, фабриката за челик „Железара Смедерево“ во Србија и мостот во Пељешац во Хрватска.

Кинескиот претседател истакна дека обемот на трговија меѓу Кина и земјите од Централна и Југоисточна Европа е скоро 85 проценти поголем од пред девет години и дека бројот на туристички посети е зголемен за скоро четири пати, пренесе „Синхуа“.

Кинескиот лидер потсети дека кинескиот товарен воз „China – Europe Railway Express“ стигнал до повеќето земји од Централна и Југоисточна Европа и дека досега превезувал повеќе од 30.000 тури.

Поврзани вести

Apple ќе произведе свој 5G модем за iPhone до крајот на 2022 година

msp-admin

Како се движи животниот стандард на земјите од поранешна Југославија од 90-тите години до денес (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Штерјова-Душковска: Состојбата во македонската економија е тешка, но не е драматична

msp-admin