СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Издадена Деветнаесеттата емисија обврзници за денационализација

Државата ја емитуваше Деветнаесетта емисија обврзници за денационализација во вкупен износ од 11,5 милиони евра, со која ќе се обесштетат сите со правосилни решенија за денационализација од 1.1.2019 година до 31.12.2019 година, каде надоместот е утврдено да се врши преку обврзници, соопшти Министерството за финансии.

Средствата кои се доделени преку обврзниците државата ќе ги исплаќа на десет годишни рати со годишна камата од 2%. Република Северна Македонија може во секое време да изврши откуп на обврзниците за денационализација пред рокот на нивното пристигнување според условите, начинот и постапката кои ги утврдува Владата на Република Северна Македонија.

Тргувањето со обврзниците за денационализација ќе се врши на Македонска берза АД Скопје, со посредство на брокерските куќи и банките – членки на Македонската берза.

Пред рокот за нивното достасување, граѓаните може да ги користат обврзниците за денационализација за отплата на становите во општествена сопственост.

Поврзани вести

Награда за „Брако“ за иновативност и развој во услови на пандемија

Влатко Зорба

ССМ: Ковид-19 да се признае како професионално заболување за сите работници

Влатко Зорба

Велковски: Градиме по план и во време на пандемија, во тек е изградба на 190 километри патна мрежа во вредност од 800 милиони евра