СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Екипата од „Редит“ „јача“ акции на производители на канабис

Акциите на неколку канадски производители на канабис продолжија да растат вчера, поттикнати од бранот на легализација во најголемите американски држави и трговската заедница „Редит“, се придружено од неодамнешното лудило со „ГејмСтоп“.

Акциите на „ТилРеј“ пораснаа за 13% во претпродажба, откако добија околу 150% оваа недела. „Африја“ порасна за повеќе од 11 проценти во продолженото тргување, по зголемувањето од 57 проценти оваа недела.

„Аурора канабис“ забележа раст од околу 14 проценти, по скок од скоро 50% од понеделникот.
Компаниите за марихуана го привлекуваат вниманието на истата „ВолстритБетс“ публика од „Редит“, која минатиот месец придонесе за невидени „кратки продажби“, поврзани со феноменот „Гејместоп“.

Корисниците на „Редит“ разговараа за нерешеното спојување на „ТилРеј“ и „Африја“, како и за декриминализацијата на марихуаната на сојузно ниво на САД, под водство на новиот претседател Џо Бајден.

Една најава во која на корисниците им беше кажано дека акциите на овие двајца производители имаат повеќе простор за раст, им се допаднаа на околу 10.000 други корисници за само дванаесет часа, што влијаеше на брзиот раст на акциите.

Поврзани вести

Европа стравува од банкрот: Холандските угостители ја тужат владата поради мерките

Влатко Зорба

Комерцијална банка: Костовски нѝ должи речиси 7 милиони евра

Влатко Зорба

„Рио Тинто“ ја исплаќа највисоката дивиденда во историјата

Влатко Зорба