Google се согласи да плати 76 милиони долари на група француски медиуми за три години по долготрајниот спор за авторските права, покажуваат документите што ги поседува Ројтерс.
Двата документи вклучуваат договор во кој се наведува дека Google е подготвен да плати 22 милиони долари годишно на група од 121 национални и локални француски медиуми, откако ќе потпише договори со нив поединечно.
Вториот документ е спогодба според која Google се согласи да плати 10 милиони долари на истата медиумска група во замена за откажување на сите тековни и идни тужби за авторски права во следните три години, колку што трае договорот.
Договорот беше постигнат откако Франција донесе нов закон за авторски права, како дел од поширокиот закон на Европската унија, за таканаречените „соседни права“.
Мерката ги принудува Google и другите големи Интернет платформи да преговараат со медиумите за да се договорат за плаќање на содржината што ја користат за нивните информативни услуги на Интернет, пишува Ројтерс.
Договорот беше осуден од други француски медиуми кои не се дел од зделката, тврдејќи дека таа е тајна, нефер и не го почитува законот.