20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Компаниите кои ќе донираат за спортските ваучери, ќе бидат делумно ослободени од Данок на добивка

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска изјави дека од голема важност за развој на спортот се предвидените ваучери за спорт.

„УЈП како институција има улога за развој на спортот. Од 1.1.2019, стапија на сила измените за ваучерски систем. 10 милиони евра годишно чинат овие ваучери и со тоа се намалува данокот на добивка. Имено, на компаниите кои донираат им се намалува данокот на добивка најмногу до 50%. УЈП води евиденција за дадените донации согласно ваучерите“, истакна Лукаревска.

Во однос пак, на неисплатените плати од страна на работодавачите кои зеле финансиска помош од државата, Лукаревска вели: „Можам да кажам дека контролите вродија со плод, бидејќи останаа уште 258 компании кои не исплатиле плата. 226 од нив не исплатиле плата за еден месец, 6 компании за три месеци, а останатите за две плати. Направивме присилна наплата кај дел од овие компании кои не исплатиле плати“.

Поврзани вести

После едномесечно затворање: „Епл“ повторно ги отвори продавниците во Кина

Инспекциските служби спровеле 11.358 надзори за спроведување на владините мерки

На првиот ден од полицискиот час, ДПИ изврши 724 контроли и надзори, затворен еден угостителски објект

Влатко Зорба