СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск: Му предложив на Бајден да воведе данок на јаглерод, сметаше дека тоа е политички прекомплицирано

Елон Маск, првиот човек на „Тесла“, навел дека ѝ предложил на администрацијата на Бајден воведување данок на јаглерод, но дека тие сметале дека ќе биде премногу комплицирано да се воведе тоа.

„Зборував со нив и тие рекоа дека тоа би било премногу политички комплицирано“, рече Маск.

Маск не прецизираше кога разговарал со нив, но се претпоставува дека тоа се случило пред Бајден да биде избран за претседател.

Тој додаде дека неговата компанија Space X би платила таков данок.

„Мислам дека треба да размислат за тоа, бидејќи половина гласаа за него поради политиката за заштита на животната средина“, рече Маск.

Данокот на јаглерод многумина го сметаат за најдобар начин за борба против климатските промени, но воведувањето таков данок во никој случај не е лесна и едноставна задача.

Првата тешкотија со данокот на јаглерод е да се одреди колку ќе изнесува. Одговорот на ова прашање се чини едноставен – данокот би требало да биде во висина на трошоците, кои за општеството ги предизвикуваат дополнителните единици емисии на јаглерод.

Меѓутоа, многу е тешко точно да се пресмета колкава штета е предизвикана од ослободување на дополнителен тон јаглерод диоксид во атмосферата, бидејќи тоа зависи од многу фактори. Голем број научници и економисти се занимаваат со оваа тема, но нивните резултати се доста различни и сè уште нема широк консензус за ова прашање.

Поврзани вести

Јубилеен 10. Фестивал на младото вино во „Тиквеш“

msp-admin

КРИПТО-СЕМЕЈСТВО: Вложиле се што имаат во биткоин, сега им се исплати (ВИДЕО)

msp-admin

Кина извезла околу 220 милијарди хируршки маски во 2020 година

Влатко Зорба