СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Цената на нафтата „Брент“ над 65 долари за прв пат од јануари 2020 година

Цената на суровата нафта „Брент“ надмина 65 долари за барел за прв пат од 21 јануари 2020 година, покажуваат податоците на берзата.

Заклучно со 02,05 часот по средноевропско време, вредноста на априлските фјучерсиза северноморската мешавина се зголеми за 0,25 проценти – на 65,06 американски долари за барел, а фјучерсите за март за нафтената марка „ВТИ“ – за 1,26 проценти, или 61, 91 американски долари.

Цените на горивата стабилно растеа до 10 февруари. Следниот ден, квотите паднаа, но до вечерта на 12 февруари, тие повторно почнаа да растат.

Горивото се зајакнува по договорот ОПЕК Плус за намалување на производството во февруари-март за вкупно 1,425 милиони барели дневно, од кои еден милион одат во Саудиска Арабија. Пазарот смета и на зголемената побарувачка поради надежите за економско закрепнување и вакцинација.

Минатата недела рускиот вицепремиер Александар Новак предвиде дека цената на нафтата годинава ќе варира во опсег од 45-60 долари за барел.

Поврзани вести

Walmart се придружи на Microsoft во лов на TikTok

msp-admin

Колемишевски: Процесот на добивање на картичката „Купувам домашно“ ќе биде едноставен, без апликација

msp-admin

Бајден најави мерки за опоравување на американскиот пазар на труд

Влатко Зорба